Ковачки: Изјавата на Петков потврдува дека Ковачевски прифатил сите бугарски барања да бидат дел од рамката за ЕУ

Од:

Ковачевски премолчува вградување на бугарските барања во преговорите за пристапување кон ЕУ, исто како што премолче и дозволи отворање на клубот Ванчо Михајлов во Битола. Дури и Кирил Петков, е свесен дека бугарските барања се неприфатливи за македонскиот народ, па применува тактика на нивно разложување во периодот на преговори за влез на земјата во ЕУ, со што бугарските услови покасно ќе мора да бидат исполнети на нашиот пат кон ЕУ, истакна на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Петков изјави – Не може да се очекува сите барања на Бугарија да бидат исполнети сега, пред почетокот на преговорите. Најглупавото нешто што можеме сега да го направиме е против бугарскиот интерес и ќе се сопнеме. Да бараме сè што сме сакале да се случи, да се случи пред подигнување на ветото. Со ова Петков јасно кажува дека и тој е свесен дека бугарските барања се максималистички, а со тоа и нереални и неприфатливи, но кажува и дека тој е на план истите да ги протурка со расцепкување, и нивно врзување со процесот на преговори со ЕУ“, вели Ковачки.

„Во понатамошниот тек на изјавата тој додава: – Сега таму имаме нормална влада и таа е подготвена да ги преземе ангажманите со европски договор. Со ова отворено кажува дека Ковачевски прифатил вклопување на бугарските барања во рамката на преговарање за влез во ЕУ“, појасни Ковачки.

Прашува на што е подготвен Ковачевски, и кои се тие бугарски барања кои и Бугарите знаат дека наеднаш нема да може да им поминат кај народот, па им е потребен Ковачевски да прифаќа периодично исполнување на нашиот пат кон ЕУ?

„Аматеризмот, неспособноста и немањето на државнички капацитет на Ковачевски ќе ја однесат Македонија во амбис, и ќе го врзат нашето членство во ЕУ со исполнување на сите бугарски барања. Доколку се прифати врзување на преговорите со исполнување на бугарските барања, тогаш Ковачевски трајно ќе ја осуди државата на неуспех или на побугарчување“, оценува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Токму затоа, додава Ковачки, ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека се потребни писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик и историја. Во спротивно, оценува дека аматеризмот и неспособноста на Ковачевски ќе значат катастрофа за националните интереси.

Би можело да ве интересира

Ковачки до опозицијата: Крш држава, празна каса, катаклизмична состојба – каква држава остави СДС?

Ковачки: Ќе ги покачиме платите во МВР, силно вложуваме во капацитетите на МВР и МО

Горан Наумовски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Излета автомобил со Кирил Петков, еден загинат

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачки: Кај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, пари и биле пронајдени списоци за гласање

Горан Наумовски