Ковачки: Институциите да утврдат дали дезертерот Ковачевски е деловно способен и дали смее да има безбедносен сертификат

Од:

Девет дена срамен однос и на премиерот-дезертер и на институциите кои молчат и не преземаат активности во нивна надлежност.Пред девет дена македонската јавност беше запознаена дека за премиер имаме лице кое е трајно неспособно и кое одбило да ја брани државата во 2001 година рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

-Институциите мора да реагираат професионално, да се издигнат над ситуацијата и да реагираат, посебно затоа што се работи за лице кое е премиер на држава. Институциите не смеат да молчат и за безбедносниот сертификат на премиерот кој одбил да не оди војска и да ја брани државата со тоа што приложил документ дека е трајно неспособен. Во ниту една НАТО членка не е возможно да имате пристап до највисоки државни тајни, а да сте ИЛИ потврден лажоман ИЛИ ако имате психо-физички и други здравствени проблеми кои можат да бидат пречка за издавање на безбедносниот сертификат. Во западните демократии кон кои се стреми Македонија, не е возможно најмоќната функција во државата да му биде доверена на човек кој одбил да ја брани државата тогаш кога таа го барала или на човек за кој постои документ со кој се потврдува дека истиот е трајно неспособен вели Ковачки.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачки: Вредеше ли предавството? Се откажавте од име, Устав, историја! Овие избори се за да ја вратиме Македонија на народот, имаме план за развој и враќање на надежта кај луѓето

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов