Имаме информации за сериозно разработен план за полнење на кутии во населени места во Сарај и населени места во Битола. Објавиме информациите добиени од луѓе од СДСМ, кои не сакаат веќе да му слугуваат на хибридниот режим, и да работат за Вице, Трајче и Бобан Заев да прават фабрики за марихуана рече на прес конференција Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
– За Битола главен одговорен за поткуп, притисоци, закани и полнење на кутии е Васко К., за кој се сомневаме дека е директор на една голема државна фирма, директно подредени му се: Зоран П., Илче П., Даниел Џ., Сашо Н., Горан Ш., Петар П., Ујар К., Шевѓул М., Вангел Б., Александар Н., дел од овие лица се вработени и во МВР и класично ја злоупотребуваат службената положба и овластување. За сите нив ќе следи одговорност.На територија на град Скопје поткупот се врши од неколку групи, група од Бутел за поткуп е предводена од Коста Н., кој најверојатно е директор на едно скопско јавно претпријатие, Владимир Н., Едмонд В., Сенад С., Марин Б., Ханза В., Горан Ж. Групата од Ѓорче Петров е составена од Сенат В., Мартин Т., Нешо К. Во Карпош групата е водена од Душко В., актуелен директор на јавно претпријатие и Јон Ф., висок функционер во друго државно претпријатие. Во Кочани групата е водена од поранешни затвореници Столе Т., Александар С., Михаил П., Перо Г., за кој се сомневаме дека е полициски службеник. Сопругата на едно од осудуваните лица е и советник во Советот на Општина Кочани.Во Гевгелија групата за поткуп, притисоци и закани е предводена од лице за кое се сомневаме дека работи во правосудните инстанци Јован Д., а со него работат и Владо Ј. и Ѓорѓе Т, вели Ковачки.
Ковачки најави дека ќе поднесат и кривична пријава против злосторничката група составена од луѓе од МВР во Прилеп, за која објавивме и вибер комуникација за правење на сериозен криминал во изборниот процес.