Ковачки го тужи Ковачевски: Тоа што си приложил документ дека си трајно неспособен е факт од кој не можеш да избегаш, и не ти дава за право да лажеш за друг

Од:

„Како што ветив, денеска е поднесена Тужба за клевета против СДС и Димитар Ковачевски заради изнесени КЛЕВЕТИ и лаги против мене лично. Од страна на СДС и нивниот трајно неспособен премиер за мене беше кажано дека сум дезертирал од АРМ, сум кодошел, сум продавал некакви тајни на странски служби, сум крадел документи, дека некој ми ги скинал еполетите од униформата и што ли уште не…“, напиша Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи.

„Станува збор за апсолутни невистини, напротив, токму обратно е.
Овие клевети со кои СДСМ се обидува да ми нанесе штета на личноста се обид за дефокус од вистината дека Македонија ја води трајно неспособен премиер кој одбил да ја брани својата држава.

Одговорност за лагите мора да има. Тоа што Ковачевски не може да избегне од фактот дека приложил документ дека е трајно неспособен, не му дава за право да лаже со цел да дефокусира од себе. Се трајно неспособниот се гледаме на Суд.

*За навредите нема да тужам затоа што тие повеќе говорат за тој што ги кажува отколку за тој кон кого се упатени“, додава Ковачки.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ