Ковачки до Пендаровски: Оставка веднаш, пред две години излажа дека ќе им помогнеш на болните од цистична фиброза

Од:

Во текот на вчерашниот ден целата македонска јавност беше сведок на трулоста на системот воден од ДУИ и СДС. Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски со години ги злоупотребуваат трагичните судбини на болните од цистична фиброза ветувајќи им лек, се сликаа со нив, ги користеа за себе промоција и на крај ги оставија без нужниот медицински третман, резултат е починат наш сограѓанин на кого Стево Пендаровски лично му ветуваше помош рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Соопштението од страна на претседателскиот кабинет по средбата на Пендаровски со Здружението на болни од цистична фиброза, уште стои на веб страната на оваа институција, но заложбите на Пендаровски останаа само ветување и злоупотреба на случајот на 130 наши сограѓани во политички цели. Големата желба за лична промоција, како и отсуството на одговорност кај претседателот на државата Стево Пендаровски, не им помогна на луѓето што бараа негова помош, иако истата тој им ја вети. Оваа влада, само за оваа година ќе потроши 5.3 милијарди евра и секојдневно се задолжува за да се луксузира со нови возила, скапи гозби по ресторани, а нема ниту желба ниту се способни да набават лек што е достапен во сите држави, освен во Македонија и Косово рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

Пендаровски на инаугурацијата на Ердоган

Пендаровски со својот правен тим ќе ги разгледува измените на законите за коридорите 8 и 10д пред да ги потпише указите

Судскиот процес Славјанка Петровска против Драган Ковачки почнува утре

(ВИДЕО) Ковачки: Државата со оваа власт го губи достоинството, го губи идентитетот, ја губи економската стабилност

Горан Наумовски

Пендаровски: Македонскиот јазик е заштитникот на нашиот идентитет, сегашност и иднина, коренот на нашето битие

Пендаровски: Немањето претседател на Судскиот совет фрла темна дамка врз целото демократско досие на државата