Ковачки: Бараме оставка и утврдување на деловната способност на Ковачевски,

Од:

Македонија ја води трајно неспособен премиер или премиер кој лажел и приложил документ за да ја избегне законската обврска за служење на воен рок.Трајна неспособност е состојба која може само да се влошува, а не да се подобрува рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

– Со трајна неспособност човекот не може да ги извршува своите работни задачи во текот на денот непречено, и тој мора да подлежи на паузи, кои може да бидат и подолги. Македонската јавност останува без одговор на прашањата за тоа кога лажеше премиерот: Тогаш кога изјави дека не бил во војска затоа тоа што бил на студии, или тогаш кога го приложуваше документот дека е неспособен. Ова е крајно неодговорно однесување на првиот човек на Владата кој беше наместен на позицијата за да ги ужива бенефитите што му ги овозможија тие што загинаа додека тој бегал и лажно се претставувал за трајно неспособен. Премиерот дезертер, е должен веднаш да поднесе оставка и во најмала рака и’ должи извинување на македонската јавност заради тоа што станал премиер правејќи се трајно неспособен тогаш кога државата го барала и кога и’ бил најпотребен. На трајно неспособни или на лица кои лажеле за да избегнат служење на сопствената држава, не може да им бидат доверени највисоките државни функции и истите мора да одговараат кривично доколку со лажење избегнале законска обврска рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски