Ковачевски: Жените се движечка сила и на СДСМ и на државата

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, отсекогаш ги препознавал и почитувал моќта и способноста на жените, кои се наоѓале и денес се наоѓаат на важни челни позиции и во Владата и во партијата, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на Осмомартовскиот марш на Форумот на жени на СДСМ во Прилеп.

„И еве, таков е примерот во Владата сега. Со именувањето на Каја Шукова за министерка за животна средина и просторно планирање, има 50 – 50, рамноправна застапеност на жени и мажи, на министерските позиции на коишто се именувани кадри од СДСМ. Таков е примерот и со Сања Лукаревска, заменик претседателка на Социјалдемократскиот сојуз, која е и повеќегодишна, успешна директорка на Управата за јавни приходи. Таков е примерот и со Бисера Костадиновска Стојчевска, потпретседателка на Социјалдемократскиот сојуз и министерка за култура.

Таков е примерот и со претседателката на Форумот на жени, голем борец за рамноправноста по сите основи, Јована Тренчевска, актуелна министерка во ресорот под којшто спаѓаат родовите политики, Министерството за труд и социјална политика. Добро е што и ние – и Република Северна Македонија, сега, во услови на војна на европскиот контитент, ја имаме министерката за одбрана – нашата колешка Славјанка Петровска. Добро е, затоа што, Да, имаме потреба од мудроста – којашто е именка од женски род, а потреба од највисок ред.

Имавме жена министерка за одбрана и за време на зачленувањето на нашата држава во НАТО, тогашната заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска. Имавме и жена министерка на надворешни работи, меѓу основачите на СДСМ, сега починатата, но секогаш почитувана, Илинка Митрева – која имаше доволно доблест да застане на оваа раководна позиција, во врвот на конфликтот во Република Северна Македонија во 2001-та година, а потоа и да ја брани исправноста на Охридскиот рамковен договор“ порача Ковачевски.

Во своето обраќање, претседателот на СДСМ ја нагласи важноста на родовите можности во политиката, затоа што, според него, политиката, владите и парламентите, се тие што ги предлагаат и ги носат законите, со коишто се гарантираат човековите права, со тоа и родовите права.

Вие жените сте потребни на државата, на општеството, во политиката, во бизнисот, во институциите, на нивите, во лекарските ординации, во медиумите, во училниците, во фабриките, во културата и само со вашата тактичност, верба, одлучност, какви што ги има само жената, можеме да ги движиме успешно економскиот развој и европските перспективи, порача од Прилеп претседателот Димитар Ковачевски на Маршот по повод 8 март во организација на Форумот на жени на СДСМ.

Ковачевски повика на акција и на гласност на жените, додавајќи дека сите мора да работат на унапредување на родовата еднаквост.

„Затоа, денеска ќе соопштам дека веќе правиме усогласувања со коалициските партнери што се однесуваат на нови унапредувања на родовата еднаквост: Измени и дополнувања на Изборниот законик, во правец на постигнување целосна родова еднаквост на листите за пратеници и советници; Измени и дополнувања на Законот за Влада, преку воведување најмалку 40 проценти жени во извршната власт; Измени и дополнувања на Изборниот законик и воведување квота од 30 проценти од помалку застапениот пол, за избор на градоначалници; Донесување родово сензитивен Деловник за работа на Собранието на Република Северна Македонија, до крајот на 2023 година; Законско регулирање на интернет просторот за спречување говор на омраза“ истакна Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он