Ковачевски: Заедно со НАТО сојузниците ги јакнеме нашите позиции и обезбедуваме сигурност, безбедност и мир за нашите граѓани

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во нашата земја, Кејт Брнз, денеска го посетија носачот на авиони „Хари С. Труман“.

„Безбедноста на една држава, нејзината стабилност, мирот и стабилноста во регионот е еден од основните услови кои обезбедуваат економски развој, просперитет и квалитетен живот за граѓаните.

Заедно со нашите сојузници од НАТО Алијансата, силно стоиме на позициите дека нашето заедништво е нашата најголема придобивка, гаранција за нашиот територијален интегритет и сигурност и воедно обезбедува перспектива и иднина за граѓаните.

Тоа го докажавме и со нашето единство и во пружањето поддршка, хуманитарна помош и медицински материјали за граѓаните на Украина, кои последните месеци се соочуваат со воената агресија од страна на Русија“, рече премиерот Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ