Ковачевски за Самитот на ОБСЕ: Ова е одлична можност за промоција на државата

Од:

Ова е одлична можност за промоција на државата, за понатамошно политичко етаблирање на држава којашто е независна 32 години, како што е нашата, значи млада држава… Ова е одлична можност да се покажеме како домаќини, како што сме се покажале и во други прилики, како на пример при преговорите помеѓу Косово и Србија што се одвиваа во Охрид, и сметам дека после ова и ОБСЕ ќе излезе посилен, меѓутоа и ние како држава ќе излеземе посилни, изјави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Во одговор на новинарско прашање во врска со тоа дали е потврдено присуството на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на утрешниот Самит на министрите, Ковачевски рече дека тоа не е билатерално прашање на земјава туку е прашање на меѓународната организација ОБСЕ со којашто претседава нашата држава.

-Тоа што се однесува до присуството на сите делегации, Северна Македонија го направи тоа што беше потребно, нормално во координација со другите земји – членки на ОБСЕ и сметам дека ќе имаме исклучително успешен Самит којшто започнува утре. Северна Македонија треба да е горда на своето претседавање со ОБСЕ, се работи за најголемата безбедносна и политичка организација во Европа, меѓутоа и во Светот бидејќи членуваат и САД и други држави вон континентот, истакна премиерот.

Би можело да ве интересира

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Ковачевски: Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите