Ковачевски за преговорите: Турција ќе ни продава двојно поевтина струја од берзанската, со Србија ќе разменуваме струја за гас

Од:

Србија, Бугарија, Турција и Грција се земјите со кои владин тим е во преговори за помош за надминување на енергетската криза зимава. Премиерот Димитар Ковачевски синоќа извести дека со Србија се преговара не за купопродажба туку за размена, односно ние да им дадеме струја, а тие нам гас за производство на струја, Турција ќе ни продава двојно поевтина струја, со Бугарија се преговара преку директен договор да купуваме од нивните вишоци на струја, а со Грција се договара за нас да нема забрана за извоз на јаглен и мазут.

„Со Србија не се работи за купопродажба на гас туку се работи за размена на гас за електрична енергија бидејќи ние имаме когенеративна централа која работи на гас. Србија има резерви на гас, односно складишта за гас кои може да бидат искористени за производство на електрична енергија во нашата централа. Нашите тимови и во моментов преговараат, тоа ќе продолжат да го прават и во текот на утрешниот ден, како што впрочем го прават и сите изминати денови“, рече синоќа премиерот Ковачевски.

Со Бугарија се преговара да ни продаваат струја во директен договор по цена пониска од берзанската.

„Бугарија согласно со закон е обврзана сите вишоци на енергија, а Бугарија има вишоци бидејќи има нуклеарен реактор во Козлодој, е обврзана да ги продава преку берза. За да може да продава во директен договор тоа мора да биде направено низ соодветна законска процедура во Бугарија и во Европската Унија со оглед на тоа дека Бугарија е членка на Европската Унија“, објасни премиерот.

Преговорите за набавка на струја со Турција ги води Министерството за економија, а се разговара да купуваме струја по цена двојно пониска од берзанската. Компаниите кои ќе бидат согласни мораат однапред да ја платат струјата.

„Во контакт сме со Стопанската комора, компаниите ќе треба да изразат интерес доколку се обезбеди таа електрична енергија, веднаш да потпишат договори за нејзино користење од први октомври до 30 март. Таа струја ќе треба да биде платена авансно, нормално денеска електрична енергија се плаќа авансно. Со оглед на тоа дека електричната енергија ќе дојде од друга држава и ќе мора веднаш да биде потрошена во нашиот систем, така како што ќе доаѓа бидејќи се работи за базна електрична енергија, која се добива 24/7 во нашиот електроенергетски систем. Со Грција се договара да нема забрана за извоз на енергенси. Грција има лигнит, јаглен кој се користи во нашите термоелектрични централи во Битола и во Осломеј. Доколку се случи да има забрана за извоз, со оглед на тоа дека и на Грција ѝ се потребни за производство на електрична енергија, тоа нема да важи за Република Македонија и ќе имаме непречено снабдување со овој енергенс што исто така се однесува и на мазут бидејќи мазутот се добива преку Грција во нашата земја“, рече Ковачевски.

Тој синоќа извести дека грејната сезона за скопјани ќе почне навреме, на 15 октомври, а ќе ги грее ЕСМ.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Ковачевски: Уставните измени може да ги гласаме денес, утре, задутре,…,како ќе кажат – така

Ковачевски: Победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски!

Горан Наумовски

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Ковачевски: Со државната поддршка за македонските компaнии создадовме нови 5.000 работни места