Ковачевски за летот на Лавров: Забраната за прелет на руски авиони останува, овој лет нема друг третман

Од:

Забранетиот лет на авионот со кој шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров требаше денес да пристигне во дводневна посета на Белград нема поинаков третман од останатите летови на руските авиопревозници, објасни денес премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на Пробиштип. Забраната за прелет на руски авиони, Ковачевски рече дека останува.

„Ние имаме донесено одлука, забрана за прелет на руски авиопревозници преку територијата на нашата држава. Ние сме членка на НАТО што значи дека одлуките кои се носат во НАТО се и наши одлуки и ние имаме целосно усогласена надворешна политика со политиката на Европската Унија. Во однос на конкретниот авионски лет нема никаков друг третман во однос на одлуката која е веќе донесена која е во сила и која останува во сила“, рече премиерот Ковачевски.

Тоа што Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора го забранија летот на неговиот авион, Лавров денес изјави дека е незамисливо, и дека тоа претставува лишување на една суверена држава од нејзините права за остварување на надворешната политика.

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија инсистира на пакет договори и одржлив мир во Украина

„Њујорк пост“: Русија веројатно ќе го отфрли новиот план за прекин на огнот од 19 точки

Лавров: Русија чека привремена верзија на американскиот план за Украина

Лавров го обвинува Западот: „Го игнорираат Нирнберг и ја препишуваат историјата поради Украина“

Лавров: Сите молчат после тестовите на нашата најнова ракета

Лавров: Москва ги праша жителите на Запорожје и Херсон, како и на Донецк и Луганск, дали сакаат да станат дел од Руската Федерација