Миликије Халими има факултетска диплома вели премиерот

Од:

Новата директорка на државната компанија АД „Аеродроми“, Миликије Халими која беше избрана на оваа функција по предлог на Владата, имала универзитетска диплома како и другите функционери и нејзиниот избор не е спорен за премиерот Димитар Ковачевски.

-Таа е избрана по предлог на Владата, врз основа на универзитетска диплома која ја имаат и други функционери. Нејзе ја избира Надзорниот одбор на акционерското друштво – рече Ковачевски на денешниот настан по повод Националниот ден на осигурувањето.

Халими е поранешна градоначалничка на Општина Арачиново од редовите на СДСМ која после својот мандат на локално ниво, стана инспектор во Царинската управа иако има средно медицинско образование на што реагираа јавноста и опозициските партии.

Би можело да ве интересира

Уапсени се двајца лихвари од Арачиново

МВР: Тројца осомничени за обид за убиство во Арачиново

24-годишно момче е повредено во пукањето во Арачиново

Во бегство е 36-годишникот кој се обиде да го убие градонаалникот на Арачиново

Кривична пријава за 36-годишник за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on