Ковачевски во Минхен се сретна со директорката на ММФ, Георгиева

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамки на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со Кристалина Георгиева, првиот човек на ММФ, како и со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено – Басо.

Премиерот Ковачевски се заблагодарил што ММФ во нашата земја препозна здрав економски фундамент и ја поздрави стабилноста на нашите економски политики.

Директорката на ММФ, Георгиева искажа задоволство од спроведувањето на економските политики на Владата, како и од користење на Линијата за претпазливост и ликвидност (Precautionary and Liquidity Line – PLL) која е наменета исклучиво за земји што имаат здрава економија и здрави економски политики, соопшти Владата. Поточно, се вели во соопштението, само земји со позитивни оцени од последната мисија на ММФ може да се квалификуваат за користење на овој инструмент.

На средбата премиерот Ковачевски истакнал дека фокусот на фискалната политика е во насока на поддршка на стандардот на граѓаните и на стопанството, согласно предизвиците што ги наметна ценовната и енергетската криза.

На среден рок, се додава во соопштението, определбата на Владата е насочена кон постигнување одржлив економски развој, фискална консолидација и спроведување на структурните реформи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски