Ковачевски: Во година полна со предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани

Од:

Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани и се фокусираме на целокупен развој на државата, напиша премиерот Димитар Ковачевски.

„Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2022 година изминатава недела, обезбедуваме економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите во оваа исклучително кризна година.

Обезбедени се 76 милиони евра за нови антикризни мерки, 32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна, зголемени плати во образованието и детската заштита и нивна навремена исплата, повисоки пензии од септември за над 320.000 пениознери, субвенции за земјоделците и средства за развојни проекти.

Ребалансот кој е поздравен од Светска банка и презентиран и пред граѓаните и пред бизнис заедницата, покрај одржување на макроекономската стабилност, цели и кон поддршка на економијата за враќање во предпандемиско ниво“ нагласи Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ