Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска беше со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров.
Во разговор со пензионерите, во стариот парк во населбата, Ковачевски зборуваше за владините мерки и политики на СДСМ со кои им овозможуваме пристојна старост на пензионерите и во време на криза.
-Од повозрасните може многу да се научи. Тоа ми се потврди и низ денешниот разговор со пензионерите, наши сограѓани од Ѓорче Петров. Во време на криза, наша должност е да им обезбедиме пристојна старост на пензионерите. Затоа и ги зголемивме пензиите, а и се осигуравме дека и понатаму ќе растат. Пензионерите заслужуваат достоинствено да ги поминат пензионерските денови, сите ние сме нивни деца – рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ и премиер, додаде дека со политиките и мерките кои Владата предводена од СДСМ ги презема, пензиите за сите пензионери веќе се покачени, во изминатите неколку месеци за околу 10%.
-Со новата методологија, наредната година следува уште едно покачување на пензиите, со што за 12 месеци, сите 330.000 пензионери ќе имаат поголеми пензии за 16%, рече претседателот Ковачевски.
Освен покачување на пензиите, со новиот пакет антикризни мерки, директна финансиска поддршка обезбедува владата за пензионерите со пониски пензии.
-Обезбедивме вкупно 6.000 денари во наредните 4 месеци и за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија. Дополнитено, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525-14.000 денари. Се грижиме за достоинство во пензионерските денови и во време на криза, рече Ковачевски во разговор со повозрасните граѓани во скопската населба Ѓорче Петров.