Ковачевски – Урсула фон дер Лајен: Европската Комисија го поздравува дијалогот на премиерите на Бугарија и Македонија

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски попладневно имаше телефонски разговор со Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен којашто му го честиташе изборот за претседател на Владата и му посака плодна и успешна работа.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Ковачевски се заблагодарил на честитката, и на поддршката што Претседателката на Европската Комисија Лајен ја дава на Македонија.

Тој ја известил претседателката Лајен дека европските интеграции остануваат еден од врвните приоритети на новата Влада.

Ја запознал со активностите на Владата во периодот што следи, мерките и политиките што се преземаат во правец на надминување на енергетската криза, како и економските мерки на Владата.

Во телефонскиот разговор станало збор и за неодамнешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје, што заеднички ја оцениле како позитивен чекор во надминување на разликите, и го поздравиле фокусот во проекти и активности кои се важни за иднината.

„Премиерот Ковачевски ги реафирмираше уште еднаш македонските позиции, за македонскиот јазик и идентитет.

Претседателката на ЕК Лајен го поздрави воспоставениот дијалог на ниво на премиери меѓу двете земји, и истакна дека Брисел силно го поддржува овој процес и дека таа лично, но и целата Комисија се спремни да помогнат со цел што побрзо оддржување на првата меѓувладина конференција со Република Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски и Претседателката на ЕК фон дер Лајен се договорија многу скоро да имаат директна меѓусебна средба во Брисел“, информираат од Владата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски-Брнабиќ: Силната регионалната соработка е основа за забрзан економски развој

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски требаше да одговори дали вчера на стадионот во Чаир го прашал Џафери по кого пцуел во Собранието

Доаѓаат тешка зима и ценовни шокови, Ковачевски бара Собранието да не биде блокирано

Кристијан Ландов

Ковачевски: Собранието не е супермаркет каде што некој ќе одлучува кој закон ќе помине кој нема

Катерина Павлова-Николовска

Ковачевски на средба со средношколците

А1он

Ковачевски: Со младите креираме политики за развој на државата

А1он