Ковачевски учествува на Бледскиот стратешки форум во Словенија

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е на тема „Солидарност за глобална безбедност“.

Ковачевски, на Бледскиот стратешки форум ќе има излагање на попладневниот лидерски панел заедно со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и премиерите на Словенија, Роберт Голоб, на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.

Премиерот Ковачевски ќе оствари и билатерални средби со специјалните претставнци за Западен Балкан, на Европската Унија Мирослав Лајчак и на Обединетото Кралство Сер Стјуарт Пич, како и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Синоќа премиерот имаше билатерална средба со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, на која двајцата соговорници се согласија дека уставните измени претставуваат единствена и неповтролива шанса за напредокот и просперитетот на Северна Македонија во рамки на ЕУ.

-Членството на Северна Македонија во ЕУ ќе има позитивно влијание и врз севкупните состојби на Западен Балкан, а особено во делот на економски развој како на земјата, така и на регионот, било посочено, меѓу другото, на средбата.

Претходно Ковачевски присуствуваше на работна вечера во организација на словенечкиот премиер Роберт Голоб.

На средбите во Блед, премиерот е придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои исто така имаат обраќања на некои од панелите Форумот што се одржува денеска и утре.

На вториот ден на Бледскиот стратешки форум вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Маричиќ ќе биде говорник на панелот на тема: Збогум Европа! (?) – Глобален брод или Глобален лидер: Европа во Нова Геополитичка Возраст, на кој негови соговорници ќе бидат Аранча Гонзалез, декан на Париско школо за меѓународни односи, Федерика Могерини, Ректор, Колеџ на Европа, Кристофер Смит, Заменик асистент секретар за Централна Европа и Југо-Централна Европа, Мирослав Влачовски, Министер за надворешни и европски прашања на Словачка и Тања Фајон, Заменик претседателка и министерка за надворешни и европски прашања на Словенија, со која ќе оствари и билатерална средба.

Маричиќ на маргините на Бледскиот стратешки форум ќе се сретне и со делегација предводена од државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Франција, Лоранс Бун и со претседателот на СДП Хрватска, Пеџа Грбин.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе се обрати на вториот ден од Форум на панелот насловен „Западен Балкан: Се се менува, но се останува исто?“.

Меѓународната конференција на Бледскиот стратешки форум е водечка конференција во Централна и Југоисточна Европа, која се одржува секоја година на езерото Блед, Република Словенија, на која учесниците од различни област разменуваат мислења и генерираат идеи за справување со сегашните и идните глобални предизвици.

Би можело да ве интересира

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ