Ковачевски: Трубачи, бел капут, славење и ништо неработење е стратегија на опозицијата

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски ја обвини опозицијата дека е кочничар на процесите на Собранието без да одговори дали почнал разговори со некој од пратениците во опозицијата за уставните измени кои треба да се направат до ноември.

– Секоја седница на Комисиите во Собранието е блокирана од опозицијата. Секој значаен закон за граѓаните го блокираат низа години наназад. Друга стратегија им е трубачи, бел капут, блузонче, патент, славење и ништо неработње. Погледнете ги општините кои ги имаат и покажете ми што сработиле. Само сликање и изјави дека нешто не чинело.

Јас знам дека пратенциите ја работат својата работа и имаат долги седници, но ние во Владата не водиме евиденција кој кога доаѓа. Тоа е нивна обврска. Собранието е во постојано заседавање и носи одлуки и во неработни денови – истакна премиерот.

Ковачевски рече дека опозицијата не е за работа, туку за давање изјави и шетање по Македонија.

– Откако видоа дека има најголем инвестицики проект, почнаа со ова не чинело, она не чинело. Нити се шири руско, ниту кинеско влијание како што обвинуваат – додаде Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ