Ковачевски-Столтенберг: Русија да деескалира и да го продолжи дипломатскиот дијалог

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски и генралниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на средбата денеска разговарале и за ситуацијата околу Укрина. Двајцата порачуваат дека треба да продолжат обидите за дипломатско решавање на проблемот и ја повикаа Русија да деескалира.

„Има значително движење на руските сили кон Белорусија, ова е најголемото распоредување сили по студената војна, тоа е поажување на способности, НАТО продолжува со мисијата, ја повикуваме Русија да деескалира, секоја руска агресија ќе има висока цена, сакаме да имаме дијалог со нив, сакаме да работиме на односите со Русија за да го намалиме ризикот. Секоја нација има право да го избере својот пат. Сакаме политичко решение , но мора да бидете подотвени за најлошото“ – рече Столтенберг.

„ Како сојузник на НАТО се приклучуваме кон апелите до Русија да деескалира и да го продолжи дипломатскиот дијалог. Го поддржуваме предлогот на НАТО за тематски состаноци со Русија во врска со состојбата на односите, на европската безбедност со фокус на Украина, транспарентноста, намалување на ризикот и контрола на оружјето. Целосно го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признаените граници. Како сојузници, ние сме силни, одлучни и обединети во нашата реакција“ – рече Ковачевски на пре конференцијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Предлог на Столтенберг: Украина „привремено“ да направи територијални отстапки кон Русија

А1он

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски