Ковачевски: Со премиерот Петков ќе отвориме најшироко поле за соработка

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска се обрати на отворањето на конференцијата БГМК 2030: Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво, којашто во организација на Либералната Интернационала во соработка со Американскиот универзитет на Европа – ФОН, се одржа во Скопје.

„Идејата на конференцијата се совпаѓа со идејата за новото динамично придвижување на односите меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Мојата, и намерата на мојот пријател и колега, премиерот Петков, е да отвориме најшироко поле за соработка меѓу голем број засегнати страни од општествениот живот. Граѓанскиот придонес, придонесот на академијата и на соработката на високообразовните институции се еден важен елемент во тој процес.

Драго ми е што во истата недела по одржувањето на меѓувладината седница, веќе имаме еден собир на којшто е присутна академската заедница, професори и студенти и размената на мислења и знаења за она што е современо во општеството и она што може да донесе нов импулс во односите помеѓу двете држави.

Нема никакво сомневање дека со заедничката седница на Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија на почетокот на оваа недела во Софија и со посетата на премиерот Петков и неговата делегација една недела претходно, двете земји направиja голем исчекор во унапредувањето на односите.

Таму каде што има политичка волја и идеја за прогрес, разликите лесно се надминуваат.

Заедно отворивме искрен и посветен дијалог за стабилност и развој за двете држави. Поттикнавме продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу нашите две земји.

Двете Влади се определија да водат политики на градење мостови, а не ѕидови.

Веќе се организира и нова ваква средба во Скопје во организација на ресорните министерства на Северна Македонија и на Бугарија за економија и финансии и на која ќе учествуваат деловните заедници и стопанските комори од двете држави”, истакна Ковачевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски