Ковачевски: Се бара решение за вклучување на учлиштата и на болниците на регулираниот пазар на струја

Од:

Приклучувањето на училиштата и на болниците на ЕСМ нема да влијае во голем дел на зголемување на цената на регулираниот пазар рече премиерот Димитар Ковачевски објаснувајќи дека се бара решрение како овие два сегменти да не бидат на слободниот пазар и да плаќаат помалку за струја.

– Министерството за економија заедно со АД ЕСМ треба да направат детална анализа во однос на вклчувањето на сите училишта на регулираниот пазар, потоа вклучување кај ЕСМ снабдување на институциите од здравствениот сектор со оглед на тоа дека тие плаќаат голем дел од нив на краен снабдувач и треба да се стават на посигурен снабдувач на електрична енергија вели Ковачевски.

Регулаторната комисија за енергетика треба да излезе со конечно решение за тоа како ќе изгледа префрлањето на овие институции на регулираниот пазар.

– Со добра координација помеѓу сите институции може да се изнајде решени како што изнајде решение за субвенционирање на 80 проценти од цената на електрична енергија на граѓаните и на две третини од електричната енергија на регулиранот пазар за малите потрошувачи за 72 илјади компании смета премиерот..

Би можело да ве интересира

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ