Ковачевски: СДСМ значи државотворност, повеќе пари кај граѓаните и европска перспектива

Од:

СДСМ значи државотворност, повеќе пари кај граѓаните и европска перспектива, партија која се идентификува со клучните успеси на македонски народ и македонската држава, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на денешната трибина „Повеќе за сите“ во Кочани.

-Успеавме да направиме стабилна, сигурна, слободна, демократска држава, со растечка економија, поголеми плати и пензии, од кога било порано. Сите ние сме горди на тоа. СДСМ значи еднакви граѓани, значи просперитет, повеќе пари кај граѓаните, значи слобода на говорот, СДСМ значи борба за достоинствен живот и најважно, значи борба за европска иднина, рече Ковачевски.

Ние парите ги насочивме кон граѓаните, со нашите мерки и политики создаваме еднакви можности и подобри услови за секој човек, јас секогаш сакам да говорам со факти и бројки, потенцираше претседателот Ковачевски.

-Факт е дека во најголемата светска економско-енергетска криза обезбедивме економски раст. Никој не беше оставен сам. Факт е дека имаме надолен тренд кај инфлацијата, сега е веќе на ниво пред кризата и ќе продолжи да се намалува. Факт е дека име реален раст кај платите и пензиите и куповната моќ на граѓаните. Просечната плата СДСМ ја покачи на речиси 39.000 денари, или 630 евра. Неспоредливо со времето на ДПМНЕ кога просечната плата беше 360 евра. Факт е и дека вративме 2,6 милијарди евра кај граѓаните и компаниите. И Факт е дека со СДСМ на власт има „Повеќе за сите“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибината Повеќе за сите во Кочани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он