Ковачевски-Сарацин: Одлуката за уставните измени е одлука да се биде дел од ЕУ, Северна Македонија да продолжи по европскиот пат

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска се сретна со специјалниот претставник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин. На средбата присуствуваше и заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

На состанокот се дискутираше за повеќе актуелни теми од значење за двете земји.

На средбата, специјалниот претставник Сарацин ја потврди силната поддршка на германската Влада за натамошниот напредок на Северна Македонија на евро-интеграцискиот пат и ги реафирмираше заложбите и очекувањата на Германија државата да продолжи забрзано во таа насока.

Претстојната одлука за носење на уставните измени пред која е исправена Северна Македонија, како што беше нагласено, е одлука да се биде дел од ЕУ.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на континуираната поддршка од Германија, потенцирајќи ја важноста на Резолуцијата на германскиот Бундестаг, со којашто се потврдува силната германска поддршка на Северна Македонија за влез во ЕУ со нејзиниот македонски идентитет, јазик, култура и историја како дел од целокупниот мозаик на европската култура. При тоа, премиерот Ковачевски го истакна очекувањето од Германија, како најголема ЕУ членка, и натаму да игра клучна улога за европската иднина на земјите од Западен Балкан.

Нагласувајќи дека нашата држава ќе продолжи по патот на европерспективите, премиерот Ковачевски изрази оптимизам дека сите политички партии ќе се обединат и ќе се обезбеди неопходната широка поддршка околу остварувањето на заедничката стратешка цел-членството на Северна Македонија во Европската Унија.

Заеднички беше констатирано дека во остварувањето на оваа стратешка цел, потребен е заеднички напор на сите засегнати во реализирањето на реформските процеси на земјава, што ќе придонесе до значителен напредок и развој.

Заеднички беше констатирано дека Северна Македонија е пред историски, неповторлив момент којшто неминовно води до забрзан економски развој и создавање на просперитетна, европска држава што ќе овозможи поквалитетен живот за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Биљал Касами: Нашата програма ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Османи: Уставни измени веднаш по изборите пред формирање влада

Орце Костов

Мицкоски: Техничка влада не е предмет на средбата, уставни измени нема да има додека немаме јасен европски пат