Ковачевски : Самитот на НАТО уникатна можност да ја покажеме силата и обединетоста во однос на нашите тековни и идни задачи

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Вилнус на првиот ден од Самитот на НАТО учествува на првата сесија на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади.

-Го започнавме првиот состанок на Северноатлантскиот совет, на кој разговараме за стратегиски концепт за унапредување на одбранбените капацитети и за модернизација на одбраната. Тема на состанокот е и зајакнувањето на отпорноста на членките на НАТО кон растечките сајбер закани. Самитот на НАТО е уникатна можност за сите сојузници да ја покажеме силата и обединетоста во однос на нашите тековни и идни задачи, објави Ковачевски на Фејсбук.

Во фокусот на агендата на првата сесија од Самиотот е зајакнувањето на колективната одбрана со регионални планови и постојана подготвеност за брзи одговори преку копно, вода и воздух. Политиката на одвраќање, како што информираат од Владата, ќе биде пофокусирана, со надополнување на воените и одбранбени политики.

Една од главните теми на сесијата е продолжувањето на инвестициите во одбраната и новата заложба за инвестиции од одбраната, со договор тоа да биде најмалку два проценти од БДП, а во исто време најмалку 20 отсто да бидат наменети за модернизација.

Северна Македонија одвојува 1,85 отсто, а како што истакна премиерот во изјавата пред почетокот на состанокот, на модернизација се одвојуваат 30 отсто, јави известувачот на МИА ид Вилнус.

Заложбата, како што наведува Владата, е потребна за да се зајакнат капацитетите за одбрана, вклучително и растечки сајбер и хибридни закани, но и да се справиме со други предизвици како тероризмот или злоупотреба на нови технологии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он