Ковачевски: С. Македонија не е повеќе хибриден режим, продолжуваме со унапредување на слободата и демократијата

Од:

Според истражувањето на угледниот „Економист“, за индексот на демократија во светот, Северна Македонија повеќе не е рангирана како „хибриден режим“ и влезе во зоната на функционални демократии како „демократија со недостатоци“ според ова мерење – соопшти премиерот Димитар Ковачевски преку својата Фејсбук објава.

Според критериумите кои се измерени во истражувањето, функционалноста на Владата е во континуиран раст од 2017 година. Функционалноста на Владата и растот на оценките на Изборниот процес како критериуми, придонесуваат севкупниот резултат на мерењето да се врати на високо ниво кое последен пат е нотирано во 2006 година, од кога пак земјата се наоѓала во постојан пад кој кулминирал со дефинирање како „хибриден режим„ во 2016 година.

„Не така одамна бевме сведоци колку е опасно кога демократски назадуваме. Заради претходната власт и автократското владеење бевме рангирани како „хибриден режим“. Остануваме посветени на унапредување на правата на граѓаните и медиумите градејќи слободно општество“, нагласува премиерот Ковачевски во својата објава на социјалната мрежа.

Индексот на демократијата на Северна Македонија според „Економист“ е подобрен за пет места што е голем успех во време кога демократијата назадува во светски рамки. Во споредба со 2020 година кога беше рангирана на 78 место од 167 земји за 2021 година земјава бележи скок од пет места и сега е рангирана на 73 место.

Според критериумите по кои се врши рангирањето, Северна Македонија во четири од вкупно пет категории има оценки над просечната од 6.03. Најдобра е во делот на изборен процес и плуразлизам – 7.42, во кои има континуиран напредок.

Би можело да ве интересира

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ