Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски истакна дека работна група работи на подготвување на предлог за покачувањето на платите на именуваните и избрани функционери.
-Во однос на платите на избрани и именувани функционери, градоначалници, судии, пратеници, обвинители, директори, 21 министер…Во однос на тоа, има работна група која работи на предлог кој треба да биде доставен до Собранието и Собранието да го каже својот финален збор, рече Ковачевски на презентација на првата странска инвестиција во 2024 година во ТИРЗ.
На новинарско прашање дека работната група работи една година и зошто се чека толку за закон, Ковачевски одговори дека тоа треба да го каже работната група.
-Ги прашувам, велат дека работат, рече тој.
Ковачевски потенцира дека нему не му следува покачувањето од 400 евра, што именуваните и избрани функционери ќе го добијат од овој месец, бидејќи, како што рече, од 28 јануари ќе настапи техничка влада.
-На мене не ми следува покачување, бидејќи јас на 28 јануари ќе има седница на Собрание на која ќе настапи техничка влада со технички премиер, рече тој.