Ковачевски повторно арогантен со новинарите: Доаѓате од телевизија што може поблиску да се информира за цената на гасот

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денес повторно се пресметуваше со новинарите на промоцијата на најголемата соларна централа во Македонија, инвестиција на „ГЕН-И“ во Свети Николе. Откако од говорница, на бина, ја промовираше централата, премиерот Ковачевски се согласи да одговара на новинарски прашања, но повторно со ароганција.

Пред да одговори на прашањето како ќе продолжи да се грее Скопје со оглед на тоа што гас за работа на топланите е обезбеден до 1 ноември, премиерот си дозволи коментар.

„Tочно е дека обезбедивме еден од можните енергенси за затоплување на градот Скопје, а тоа е гасот, до крајот на октомври, но тоа не значи дека нема енергенс за наредните месеци туку напротив и за наредните месеци се обезбедуваат енергенси. Зошто на месечно ниво вие добро знаете бидејќи доаѓате од телевизија што може да се информира поблиску во однос на цената на гасот“, рече премиерот Ковачевски.

Потоа објасни дека на месечно ниво го набавуваат гасот за да го заштитат буџетот на државата и да го купат енергенсот по најповолна цена.

Премиерот имаше забелешка и за следното прашање, за тоа дали „ТЕ-ТО“ ќе успее да испорача 70 отсто од потребната топлинска енергија или и тука државата ќе прави преземање за кое повторно би требал гас како енергенс.

„Добро ви е прашањето и добра ви е констатацијата, вие имате добри информации околу гасот“, рече премиерот Ковачевски и нагласи дека се во постојанa комуникација со компанијата околу можните начини на кои би функционирала и потсети дека токму за да може да работи „ТЕ-ТО“ се прават преговорите за размена на струја за гас со Србија, која треба да ни даде гас од резервите, а за возврат ќе добие половина од произведената струја во „ТЕ-ТО“ додека останата половина ќе биде за нас.

Не е првпат премиерот да се однесува арогантно со новинарите. Пред две недели тој се интересираше дали новинарите плаќаат сметки дома.

„Доколку сте плаќале сметки, не знам дали плаќате дома сметки“, рече премиерот Ковачевски на вонредната, ноќна прес – конференција на која соопшти дека ќе има парно за скопјани и оти постигнале договор да ги грее ЕСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ