Ковачевски: Подготвени сме, победа на 8 мај на СДСМ и проевропската коалиција

Од:

Вечерва не отвораме само промотивна канцеларија на СДСМ, вечерва од победнички Центар, од срцето на Скопје испраќаме порака: Подготвени сме, победа на 8 мај! Точно 99 дена до победа на изборите на СДСМ и проевропската коалиција, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ во центарот на Скопје.

-Убедени сме дека граѓаните ќе ја донесат вистината одлука за нивниот животен стандард и за иднината на државата. Прво затоа што СДСМ има подобар резултат од ДПМНЕ на секое поле, пред се во економијата, платите, пензиите, инвестициите….И второ затоа што со СДСМ граѓаните знаат дека земјата има иднина, европска иднина, дека има слобода и демократија. ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, со нив нема иднина, а најмалку европска, рече Ковачевски.

Ковачевски им се заблагодари за масовното присуство на граѓаните, симпатизери, поддржувачите и членовите на СДСМ вечерва масовно и во голем број присуствуваа на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Ковачевски: Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите