Ковачевски: Победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски!

Од:

Победата почнува тука, денеска, победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на конвенцијата за промоција на програмата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Тој е прогресивен претседател, верува во прогресивна Македонија и не се откажува од европската иднина, додаде Ковачевски.

-Ние не се откажуваме од иднината! Ние покажавме храброст. Покажавме дека имаме план. Покажавме што значи лидерство. Лидери се токму тоа, луѓе со визија и луѓе кои не се откажуваат. Не се откажавме затоа што ние сме на вистинската страна, рече Ковачевски.

Ковачевски потсети дека во времето кога отвораа преговорите со ЕУ, Пендаровски го поддржал неговото лидерството и вистинските, државнички одлуки за иднината на земјата.

-Кога беше време да се отворат преговорите со ЕУ во јули 2022, Стево и јас седевме заедно, сами. Стево рече вака: Знам дека од утре целиот притисок ќе биде врз тебе. Знам дека целиот овој процес ти ќе мора да го изодиш до крај. Знам дека од утре, сите популисти, сите националисти, сите противници на европската идеја за Македонија, сите оние кои се здружени со непријателите на Македонија, ќе застанат против тебе. И ќе поминуваш низ пекол. И затоа, нема да те оставам сам. Затоа, јас ќе стојам рамо до рамо до тебе. Ќе стојам рамо до рамо и со пратениците со кои заедно ќе ја водиш битката во парламентот. Затоа, јас прв ќе излезам на прес конференција и ќе кажам: ДА, Македонија треба го прифати европскиот предлог. Македонија треба да стане земја членка на ЕУ. Тоа и го направи, тоа е лидерство. Тоа е начинот на кој постапуваат вистинските лидери. Лидерите кои им мислат добро на својот народ и на својата држава, рече Ковачевски.

Тоа ми даде и поттик да отидам заедно со пратениците што седат тука, и во парламентот да ја кажам идејата за Европска Македонија, a со вакви храбри луѓе, направени од ваков цврст материјал што ништо не може да го скрши, Македонија ќе стане земја членка на ЕУ, рече Ковачевски.

-Европска Македонија ќе биде реалност! Нема откажување, како што јас и Стево не се откажавме, ни во тие најтешки наши моменти. Тоа го направивме не затоа што е лесно, туку напротив, затоа што е тешко и затоа што знаевме дека нема кој друг да ја донесе таа одлука. Затоа што јас и тој требаше да ја донесеме одлуката. Ниту Стево ниту јас не се откажавме и никогаш нема да се откажеме. Исто како вие овде што нема да се откажете. Со вакви храбри луѓе, направени од ваков цврст материјал што ништо не може да го скрши, Македонија ќе стане земја членка на ЕУ – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Скопје.

Одиме на победа! Со Стево, со вас и со мене, во 2028 година Македонија ќе ги заврши преговорите со ЕУ и сите вие овде ќе бидете горди што се биле дел од патот на Македонија кон поправедна, побогата, подемократска европска држава, рече претседателот на СДСМ.

Ковачевски ги повика граѓаните да излезат на изборите и да го поддржат претседателот Стево и Коалицијата за европска иднина.

-Почитувани граѓани од сите делови на Македонија. Вечерва, тука од Скопје, ве повикувам сите да го поддржиме нашиот претседател Стево во првиот круг на 24 април и да покажеме дека Македонија сака лидер кој верува во европските вредности и во прогресивната иднина. А на 8-ми мај да ја прогласиме конечната победа за европска Македонија – победата на Стево Пендаровски, нашиот претседател, и победата на Коалицијата за европска иднина. Единствениот пат кој води од тука е до победа! Одиме на победа! Нема застанување додека не ја направиме Македонија дел од Европа. Нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија! Нема откажување од иднината, рече Ковачевски.

Вечерва со нас се нашите коалициски партнери кои ги споделуваат вредностите за економски напредок, слобода, правда, солидарност и еднаквост, сите тие застануваат и зад кандидатурата на Пендаровски, бидејќи знаат дека го имаме најдобриот кандидат за претседател, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ е најголемата и единствена автентична социјал-демократска партија во Македонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се продал на нашиот политички противник

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски од Крушево: Гласањето против не ѝ носи добро на Македонија, само ако гласаме „за“, може да одиме напред

(ВИДЕО) Ковачевски од Гостивар: Ние не се откажуваме и нема да се откажеме

Горан Наумовски

Ковачевски: Никогаш повторно режим, не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија