Ковачевски – Пекарова Адамова: Поддршка за забрзан процес на интеграциите за полноправно членство во ЕУ

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се сретна со Маркета Пекарова Адамова, претседателка на Домот на пратениците на Парламентот на Чешката Република. Заеднички е оценето дека е потребно одговорно однесување од сите институции, како од Владата, така и од Парламентот, со цел Северна Македонија да го продолжи отворениот европски пат информираат од прес службата на Владата.

Премиерот Ковачевски се заблагодарил за поддршката од Чешката Република, како еден од најотворените и најгласните поддржувачи на евроинтеграциите на нашата држава.

„Донесовме одлуки за добра иднина на нашата држава и на граѓаните. Владата, во оваа економска и енергетска криза прави чекори во интерес на граѓаните и посветени сме кон брза интеграција во Европската Унија. Сега сме фокусирани на скрининг процесот со ЕУ, којшто верувам дека ќе заврши успешно, по што сите политички субјекти и институции ќе треба да го преземат својот дел од одговорноста, за да се осигура европската иднина на Република Северна Македонија“, рече премиерот Ковачевски.

На состанокот е посочено дека се цени поставеноста на надворешната политика на Северна Македонија, целосно на линија на Европската Унија, во однос на војната во Украина.

Заклучено е дека Европа е целосна заедно со државите од Западен Балкан, за постигнување одржлива стабилност и безбедност.

Во однос на ситуацијата во Украина, заеднички е констатирано дека застанувањето на страната на Украина е застанување на страната на демократијата и мирот во Европа и во светот и дека е неопходна солидарност помеѓу државите на европскиот континент, како во врска со ова прашање, така и во поглед на справувањето со последиците од војната, односно предизвиците на енергетски и економски план.

На средбата, министерката Петровска нагласи дека е одлична соработката помеѓу Северна Македонија и Чешката Република во областа на одбраната, а заедно со претседателот на Владата, Ковачевски ја истакнаа важноста и од заедништвото помеѓу НАТО членките во поглед на ситуацијата во Украина и надминувањето на безбедносните предизвици на глобален план.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски