Ковачевски од Куманово: СДСМ има јасна визија за просперитетна иднина

Од:

СДСМ е опцијата која ги исполнува ветувањата на граѓаните и е опција за просперитетна иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашното отварање на промотивниот штаб во Куманово. Пред сопартијците, членови и граѓани, Ковачевски кажа дека СДСМ е опција која носи надеж, обезбедува подобар и подостоинствен живот, опција која не се откажува од европскиот пат.

Претседателот на СДСМ ги повика граѓаните да одлучат дали ќе чекорат кон ЕУ или ќе се враќаат назад во како што рече, изолација и неизвесност.

– Тоа ќе биде одлуката на претстојните избори, помеѓу „надеж со СДСМ“ и „безнадежност со ВМРО-ДПМНЕ“, помеѓу „просперитетна иднина со СДСМ“ и „враќање во темното минато со ДПМНЕ“. СДСМ е единствената партија која ја постави и која работи да се исполни визијата за европска иднина на нашата земја. Ние во СДСМ имаме јасна визија за иднината. Затоа јасно и гласно кажуваме одиме напред кон Европа, нема откажување од иднината. СДСМ ги исполнува ветувањата и даваме сè од себе да ги исполниме и очекувањата на граѓаните, потенцираше Ковачевски.

Тој е убеден во победата на СДСМ и на претстојните претседателски и парламентарни избори. Зборувајќи за Куманово кажа дека е град што прв се крена прв против фашизмот во време не НОБ и нагласи дека кумановци секогаш се на вистинската страна на историјата.

– Куманово знае што значи борба за подобра иднина. Куманово секогаш било бастион на социјалдемократијата. На последните парламентарни избори, пред четири години, СДСМ и коалицијата во Куманово освоија три и пол илјади гласови повеќе од ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Тој додаде дека граѓаните ги поддржуваат големите партии како СДСМ затоа што знаат дека можат да ја однесат државата напред во иднината, а не да ја враќаат назад во минатото.

Зборувајќи за политичките опоненти, Ковачевски кажа дека нема да донесат никаква промена.

– Мицкоски само ќе продолжи каде застана Груевски, ДПМНЕ не може да донесе никаква промена. Никој од нас не заборавил како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нè заглави и нè донесе до дното. Мицкоски, само ќе продолжи таму каде што неговиот ментор застана, ќе продолжи да копа до ново дно, ќе нè закопа и ќе нè заглави, само за своја лична цел. ДПМНЕ не ги интересира иднината на државата и граѓаните. Погледнете ги само нивните носители на листи и тоа ќе ви каже сè. Сакаат на голема врата да ги вратат поданиците на Никола Груевски. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена. Па има ли поголем доказ за тоа од целосното потфрлање на нивните градоначалници. Видете што се случува во Скопје, и ништо друго не ви треба. Мавтаа со програми пред локалните избори, а ништо не реализираа, рече Ковачевски.

Тој додаде дека опоненетите немаат визија и алтернатива, ниту план за државата.

– Тие нема да мрднат ни милиметар кон Европската Унија и кога нема да има никаков прогрес, не само што нема да си ја признаат грешката, не само што нема да кажат дека лажеле, тие исто како Груевски ќе ги обвинуваат сите други и ќе ја обвинуваат Европската Унија. Сите ќе им бидат виновни, освен тие самите. Тие едноставно сакаат да се вратиме во минатото, да ја закопаме иднината и да ја уништиме надежта за подобро утре, потенцираше Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов