Ковачевски: Немаме сомнеж дека одиме по исправниот, европски пат

Од:

Денеска во Владата на Република Северна Македонија, прес конференција одржа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со високиот претставик на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и со комесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.

„Можам целосно и одговорно да кажам дека имаме целосна поддршка од Европската Унија, со недвосмислена посветеност за успех во нашиот следен исчекор во процесот на европските интеграции, за динамичен преговарачки процес и членство во Европската Унија. Имаме уверување од Европската унија дека ќе го интензивира својот ангажман на сите нивоа за поддршка на политичката, економската и социјалната трансформација на Северна Македонија“, соопшти премиерот Ковачевски.

Република Северна Македонија, како што посочи премиерот Ковачевски, практикува европски вредности и немаме сомнеж дека одиме по исправниот, европски пат.

„Сета работа на Владата е поставена на линија на европската агенда и колку и да звучи амбициозно, јас и сите ние во Владата, веруваме дека Република Северна Македонија во моментов има политички капацитети коишто можат да придонесат, по успешно завршениот скрининг процес во ноември, со динамично темпо да влеземе во преговарачкиот процес и до 2030 година да станеме членка на ЕУ“, додаде премиерот Ковачевски.

На состанокот, како што рече премиерот, поздравен е силниот фокус на Владата кон реформите и усогласувањето на законите и праксите со европските стандарди, како и кон добрососедските односи во духот на европските вредности.

„Поздравени се и политиките на добрососедство, што ги водиме преку зрел и одговорен пристап, базиран на меѓусебно почитување и дијалог, со отфрлување на популизмот како штетник на овие искрени намери и провоциран од трети страни кои немаат добри намери за европерспективите на Западен Балкан“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата Ковачевски нагласи дека Владата е подготвена да работи заедно со европските партнери на унапредување на социјалните и економските реформи и на опиплив напредок во владеењето на правото.

„На состанокот се согласивме дека во делот на правото мора да има независност, професионалност, транспарентност и непристрасност на судските авторитети и затоа заеднички ги охрабруваме правосудните органи за видлив напредок на овој план, што е очекување и потреба пред се на граѓаните на нашата држава“, порача премиерот Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Уставните измени може да ги гласаме денес, утре, задутре,…,како ќе кажат – така

Ковачевски: Победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски!

Горан Наумовски

Ковачевски: Со државната поддршка за македонските компaнии создадовме нови 5.000 работни места

Ковачевски: Пратеничките листи на СДСМ добија 99,98 отсто поддршка на Конгресот на партијата

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Горан Наумовски

Ковачевски: Претстојните избори се клучни за иднината на државата