ВИДЕО: Ковачевски нема да оди во Благоевград на отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски нема да присуствува на отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград, но ќе испрати документација до Софија во која ќе бара официјално да се отвори истиот.

Тој смета дека отворањето на културни центри какви што се бугарските во Битола и Охрид, како и македонските во Софија и наскоро во Благоевград, ќе придонесат за зближување помеѓу граѓаните од двете земји.

– Во недела јас ќе бидам во Скопје, но ние во министерството за култура и во Владата веќе ја подготвуваме документацијата за отворање на македонски културен центар во Благоевград. Ќе се испрати барањето до Софија каде што веќе имаме отворено македонски културен центар. Верувам дека отворањето на културни центри помеѓу државите се начин на зближување помеѓу граѓаните, државите и институциите.

Сметам сите оние кои имаат можност треба да присуствуваат на отворање на такви настани, особено оние од Благоевград и од македонските погранични места. Мислам дека тоа ги зближува граѓаните – рече Ковачевски.

Премиерот повика да се внимава на чувствата на граѓаните при отворањето на овие културни центри, пред се мислејќи на она што се случуваше кај нас во Битола и во Охрид.

– При отворањето на вакви културни центри да се внимава за чувстввата на граѓаните, тука пред се мислам на она што се случуваше кај нас во државата и на тој начин тие да не станат место на раздор туку на место на зближување на граѓаните од соседните држави – додаде премиерот.

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград за настанот в недела во 12 часот ги покани премиерите на Бугарија и Македонија, амбасадорите и медиумите од двете земји со дозвола на градоначалникот во Благоевград. Не е потврдено дали некој од бугарскиот државен врв ќе се појави на настанот како што беше случај во Битола кога на отворањето на центарот „Иван Михајлов“ се појави бугарскиот премиер Кирил Петков.

Би можело да ве интересира

Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста

Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес

Катерина Ѓуровски

„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски