Ковачевски-Нехамер: С. Македонија и Австрија се силни економски партнери, имаме огромна поддршка за евроинтеграцискиот процес

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Виена, во рамки на дводневната работна посета, оствари тет-а-тет средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Двајцата соговорници разменија ставови и информации за актуелните состојби и предизвици со кои се соочуваат европските земји, како и последиците од економско-енергетската криза, известуваат од Владата.

Премиерот Ковачевски, го запозна австрискиот канцелар со актуелните внатрешно политички случувања во Северна Македонија, изрази задоволство од тоа како тече скрининг процесот и реформскиот процес во земјата.

Ковачевски му се заблагодари на Нехамер за севкупната поддршка од Австрија за процесот на пристапните преговори како и за силната поддршка која ја добива Северна Македонија како на економски така и на безбедносен план. Австрија е силен и гласен поддржувач, партнер и застапник за европската интеграција на Северна Македонија, и на земјите од Западниот Балкан, беше кажано на средбата, се додава во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски