Ковачевски не очекува нова политичка криза

Од:

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски не очекува нова политичка криза во државата иако, според него, изминатите четири години опозицијата ја блокира работата на Парламентот.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Првата конференција за патна инфраструктура појасни дека претстојат избори, кои ќе се организираат врз основа на изборен законик којшто ќе биде усогласен со сите политички партии.

-Откако изборниот законик ќе биде изработен од Министерството за правда ќе биде доставен до Парламентот, каде сите политички партии и оние кои не учествуваат од опозицијата ќе можат да дадат свој придонес во неговата финална реализација преку парламентарната расправа, изјави Ковачевски.

Изборите, нагласи, ќе бидат договорени во рамки на нивните законски термини и претседателските и парламентарните избори, притоа почитувајќи го и правото на граѓаните на Северна Македонија. Без разлика на нивната вероисповед да биде испочитувана и можноста да ги прослават и рамазанските и велигденските празници со своите семејства и тој период да не биде оптоварен со избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он