Ковачевски: Наследниците на Гоце ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот

Од:

Откако работната група за уставни измени ќе ги направи амандманите значи дека наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав, рече премиерот Димитар Ковачевски како одговор на изјавата бугарскиот претседател Румен Радев дека Македонија може да се смета за демократска држава откако ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав“.

– Јас што имав да кажам, тоа го кажав на Самитот на Советот на Европа. Амандманите за промена на Уставот се дел од преговарачката рамка и ние преговараме со ЕУ. Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Румен Радев во македонскиот Устав – порача Ковачевски.

Овие препукувања и реакции доаѓаат по еден ден откако на Самитот на Советот на Европа во Рејкјавик, премиерот Ковачевски рече дека дискурсот кој Бугарија го користи во односите со Македонија е сличен на дискурсот кој Русија го користи против Украина.

Неговиот говор се одржа по излагањето на бугарската потпретседателка Илијана Јотова која зборуваше за правата на Бугарите во Македонија.

Радев денес порача дека аководството на Македонија треба да ги убеди своите граѓани, а не Бугарија, дека гради демократска држава во која бугарските клубови не се палат и во која Бугарите таму не се изложени на системски терор, физичко насилство и режирани судски процеси.

– Владата на РСМ може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе најде сили да ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав – провоцира Радев.

Би можело да ве интересира

Ковачевски ги соопшти носителите на изборните листи за парламентарните избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад

Ковачевски: Скопје е развластен град, лажни беа ветувањата на ДПМНЕ за современ град

Ковачевски: Владата подготви закон за рестриктивни мерки, Милошоски да го стави на комисија

Ковачевски од Куманово: СДСМ има јасна визија за просперитетна иднина

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Носителите на листи и кандидатите за пратеници ќе бидат познати на конгрес последната недела месецов