Ковачевски: Наскоро ќе се произведе првиот македонски дрон

Од:

Наскоро фабриката АТС АММО ќе го произведе првиот македонски дрон, кој ќе биде согласно сите НАТО стандарди, најави премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на фабриката кај Македонски Брод. Со него беа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за одбрана Славјанка Петровска

– За многу скоро фабриката АТС АММО ќе почне со сериско производство на четири вида дронови. Ќе бидат управувани со вештачка интелигенција и ќе имаат висок дострел. Ќе бидат целосно опремени според сите НАТО-стандарди. Тоа ќе бидат првите македонски дронови, целосно произведени во Република Северна Македонија, изјави Ковачевски.

Дроновите, како што посочи, ќе бидат мултинаменски.

– Дроновите ќе бидат со многу намени за вoената индустрија, извидничкото разузнавање и ќе имаат намена за индустријата. Ова е големо постигнување, рече Славјанка Петровска, министерка за одбрана.

Инаку, во моментов 40 македонски фирми се кои ги исполнуваат НАТО-стандардите за производство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он