(ВИДЕО) Ковачевски: Ставрески ги потврди сомнежите за криминал на Талески

Од:

„Објавувањето на вистината за Македонија, со цврсти факти и аргументи, го покажа криминалниот начин на владеење на Никола Груевски, Сашо Мијалков и неколкумина нивни најблиски соработници.

Но исто така, излезе на виделина и вистината за работата на локалните функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот за финансии, Зоран Ставрески призна коруптивен скандал направен од битолскиот градоначалник Владимир Талески“, рече на денешната прес конференција, претседателот на ОО СДСМ Битола, Васко Ковачевски.

„Во своето признание, Ставрески го нарекува Талески „тежок криминалец“ кој потпишал, цитирам: „коруптивен до даска договор“.

Станува збор за договор за превоз на ученици, од јуни 2010 година, во кој договорените цени се дури 10 пати повисоки отколку пазарните цени.

Ставрески исто така посочува дека токму опозициските советници во Советот на Општина Битола му извршиле притисок на Талески да ги промени штетните договори, што јасно потврдува кој работел чесно, транспарентно и за доброто на граѓаните.

Во изминатиот период опозицијата предупредуваше на неправилностите во работењето на градоначалникот Талески“.

„Конечно имаме и признание, доказ дека цело време сме биле во право. Апсурдно, но реално, признанието доаѓа лично од неговиот сопартиец, министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески.

Ако се земе предвид дека низ рацете на Талески во изминатите 10 години поминале над 240 милиони евра од буџетот на Општината, а Битола продолжува да тоне, се поставува прашањето каде завршиле парите на битолчани?

Поради овие факти, но и поради тоа што овој човек заедно со неговата партија залудно им потрошија 10-тина години од животот на битолчани, бараме, Градоначалникот Владимир Талески да си поднесе ОСТАВКА!

Дополнително, потрошените над 240 милиони евра, пари на граѓаните, налагаат потреба од целосна ревизија на целокупното работење на Талески и ВМРО ДПМНЕ.

Ве повикуваме внимателно да го следите процесот на објавување на „Вистината за Македонија“, кој ќе ги врати слободата и демократијата во нашата земја но ќе ги отвори и можностите за поубав и подостоинствен живот“, изјави претседателот на ОО СДСМ Битола Васко Ковачевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп