Ковачевски на средба со амбасадорката Холштајн: Германија е нашиот најголем стратешки сојузник во Европа

Од:

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски заедно со секретарот на меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, денеска се сретнаа со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања, како евроинтегративниот процес и економската соработка помеѓу двете земји.

Ковачевски искажа благодарност што во сите овие 30 години Германија дава безрезервна поддршка на нашата држава во сите клучни сфери, особено во делот на економијата, но и најзначајните реформски процеси, информира СДСМ.

„Германија е нашиот најголем стратешки сојузник во Европа и силен поддржувач на нашиот евроинтегративен процес. Ви благодарам на сета досегашна поддршка и се надевам дека таа ќе продолжи и во иднина. Покрај тоа што сме партнери во НАТО, што сте наш силен поддржувач за интеграцијата во ЕУ, Германија е нашиот најважен трговски партнер, не само поради германските компании што се присутни овде, туку и преку размената на стоки меѓу двете држави. Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија за нас е многу важна партнерска организација и со соработката со неа ќе ја продолжиме и унапредиме“ порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски изрази уверување дека Германија ќе продолжи да дава поддршка и да и помага на Република Северна Македонија во евроинтегративниот процес, со цел брзо започнување на преговорите за членство во ЕУ, нешто што нашата држава целосно го има заслужено.

Амбасадорката Холштајн му честиташе на Ковачевски за изборот за претседател на СДСМ. Таа посочи дека еден од врвните приоритети на новата германска Влада ќе биде проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан меѓу кои и Северна Македонија, додавајќи дека Германија ќе продолжи да ја продлабочува соработката со Северна Македонија особено во делот на економијата и помош при реформските процеси.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он