Ковачевски на Колумбија Универзитетот: Ние сме функционална мултиетничка демократија, пример како отворените прашања се решаваат со дијалог

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски одржа предавање на реномираниот Универзитет Колумбија во рамките на Форумот на светски лидери. Во фокусот на предавањето беше уникатниот модел на одржлива демократија на Република Северна Македонија, како и економската интеграција и трансформација на земјата.

„Како премиер на Република Северна Македонија, благодарен сум што можам да го претставам нашиот модел затоа што тоа е важно за нашата земја, важно е да се зборува за нашиот политички и економски модел пред професорите но и пред идните лидери како што сте вие овде денес студентите на Универзитетот Колумбија.

Кога со моите советници дискутиравме за концептот, за овие 10 – 15 минути воведно предавање им кажав дека не сакам да зборувам за минатото туку што имаме постигнато и каде сакаме да се движиме. Затоа и на самиот почеток би сакал да ги повторам главните глобални позиции поврзани со блиското минато за Северна Македонија.

Пред само еден месец, прославивме 31 година од нашата независност, суверенитет и развој како независна држава по распадот на поранешна СФРЈ. Северна Македонија ја стекна својата независност по мирен пат спроведувајќи ја својата специфична политика за зачувување на стабилноста на земјата преку изнаоѓање на решенија преку дипломатски напори. Ако сакате да најдете место во светот каде што се користат дипломатски напори и користењето на мека сила тогаш тоа е Република Северна Македонија и сите договори кои ги направивме интерно во државата но и надворешно со соседите се всушност функционално одржливи“, рече премиерот Ковачевски.

„Тоа и даде можност на земјата да напредува во постигнувањето на своите стратешки цели. Во поширок контекст мојата земја е навистина редок пример на Балканот каде што мислам дека не треба да ве потсетувам на насилството, војните и економските притисоци. Правилото дека победува посилниот на Балканот особено на земјите на поранешна Југославија, но тоа не беше случајот со Северна Македонија. Во 1991 мирно излеговме од Југославија и тоа беше направено на лидерството што го имавме во тоа време за тоа што знаете, не беше лесно практично да се преговара со режимот на Милошевиќ во тоа време. Не беше возможен мирен распад, но во нашиот случај тоа беше успешно.

Сите коалициски Влади што стапуваа на власт имаа барем еден коалициски партнер од албанската етничка заедница што ја имаме во државата, тоа е важна затоа што албанското малцинство е најголемото малцинство во нашата земја.

Исто така политичките партии од други малцинства се дел од Владата. Ако го видите составот на мојата Влада во моментов ќе видите дека имам партнери од етничките албански партии, од бошњачките, од ромските, од српските и тоа според мене дава поголема креативност и дава сила на Владата бидејќи на една маса ги имате сите важни мислења за емотивните прашања така би сакал да го наречам тоа.

Најлесен начин да се справиме со работите е кога сите луѓе го имаат истото ниво на информации, кога не постојат конфликти. Во текот на овој период од 30-тина години развивме демократски модел што е многу познат и тој е дел од нашиот Устав, со функционална мултиетничка демократија. Имаме добро познат и ценет систем на бадентеровиот принцип на двојното мнозинство каде што не се брои само мнозинството туку и мнозинството на помалите етнички заедници кои што се претставени во Собранието, кога се дискутираат прашања кои влијаат врз нив, го користиме токму ова правило на мнозинство во Собранието“, изјави премиерот Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ковачевски: Си ги знаеме грешките, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Ковачевски: СДСМ со граѓанското општество направи многу исчекори, заеднички ќе ја исполниме и целта за членство во ЕУ

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ не беше фер, но нема откажување од европската иднина

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Со влез во ЕУ, просечната плата од 1300 евра и 800 евра минимална плата

Катерина Ѓуровски