Ковачевски: На денот на основањето на НАТО го потврдуваме нашето единство и солидарност и гордо стоиме рамо до рамо со нашите сојузници

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска учествуваше на трибината по повод Денот на основањето на НАТО, 4 април, којашто се одржа во организација на Евроатлантскиот Совет на Република Северна Македонија.

На трибината, на која со свои излагања учествуваа и министерката за одбрана Славица Петровска, претседателот на Евроатлантскиот Совет Исмет Рамадани, и извршниот директот на Бизнис Клубот на Евроатлантскиот совет Свето Јаневски а преку видео врска се вклучија и амбасадорката на САД во државава, Кејт Мери Брнз и Кармен Ромеро, заменик-помошник генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО.

„Република Северна Македонија го слави овој ден, заедно со своите сојузници со посебна гордост и со полно право како 30-та земја членка на Алијансата.

На 27 март во 2020 година оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО беше предаден во Стејт Департментот на Америка со што нашата земја стана земја членка на Алијансата“, рече Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

„Оттогаш ние сме рамноправен дел од најмоќниот воен сојуз во светот изграден и заснован на највисоките цивилизациски демократски вредности. Нашата земја е фактор за стабилност и безбедност во регионот, во која граѓаните имаат сигурна иднина.

НАТО како воен сојуз е посветен на унапредување на заедничкиот систем за колективна безбедност“, кажа премиерот Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма