Ковачевски: На 9 Мај гордо ги славиме победата над фашизмот и големата идеја за Европа

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски се обрати на свеченоста по повод 9 Мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, што се одржа во дворот на Владата.

Пригодната свеченост по повод 9 Мај, започна со положување венци свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ за чествувањето на празниците – Ден на победата над фашизмот и Денот на Европа, како два историски настани кои се вградени во битието на Република Северна Македонија и кои граѓаните на нашата земја, заедно со народите на нашите сојузнички и партнерски држави во НАТО и ЕУ ги славиме како заеднички вредности.

На свеченоста пред Владата свои обраќања имаа и претседателот на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија д-р Никола Стојановски, амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мери Брнз и амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир.

-Изборот на македонскиот народ, заедно со сите други народи беше македонската држава да биде создадена како дом на слободата. Дом на слободата за сите нејзини граѓани без исклучок. Држава на сите и за сите. Денеска одбележуваме 72 години од денот кога на 9-ти мај 1950 година, после двете катастрофални светски војни што ја фрлија Европа на колена и фашизмот кој го згрози човештвото, францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, повика да започне изградбата на нова Европа. Ние, граѓаните на Република Северна Македонија ја избравме Европа и Европската Унија зашто се изградени на вредностите во кои веруваме и ги практикуваме и ние рече премиерот Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите на огромен екран на границата ја пренсуваа парадата, Естонија им одговори

ВИДЕО: Стивен Сигал снимен на парадата во Москва

(ВИДЕО) Заврши парадата во Москва: Вистината и правдата се на наша страна порача Путин

ВО ЖИВО: Москва го слави денот на победата над фашизмот, Џипинг, Фицо, Вучиќ му се гости на Путин

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Си Џипинг пристигна во Москва, Путин го нарече „драг пријател“

Катерина Ѓуровски

Апасиев се пофали со поканата за парадата на Путин за Денот на победата