Ковачевски – Мета: С. Македонија и Албанија исполнија се, на ред е ЕУ

Од:

Република Северна Македонија и Република Албанија како соседни пријателски земји, делат исти вредности и имаат заедничка иднина. Таа заедничка иднина е во ЕУ и убеден сум дека наскоро и двете земји ќе ги почнат преговорите за членство во Унијата зашто и Северна Македонија и Албанија досега исполнија се што од нив беше побарано. Сега на ред е ЕУ, рече претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски на денешната средба со претседателот на Република Албанија Илир Мета.

На средбата, како што соопшти СДСМ, стана збор за повеќе актуелни теми, но во фокусот беа меѓусебната соработка, иницијативата Отворен Балкан и процесот на евроинтеграции.

Албанскиот претседател истакна дека е очигледен напредокот што Северна Македонија го постигна во изминатите неколку години, го поздрави концептот „Едно општество за сите“, квалификувајќи го како уникатен пример во регионот, и истакна дека почнувањето преговори на Албанија и Северна Македонија не само што е важно за двете земји, туку тоа е во интерес на целиот регион на Западен Балкан.

Ковачевски изрази уверување дека досегашната соработка помеѓу двете земји дополнително ќе се интензивира преку Отворен Балкан. Во однос на билатералната и регионална соработка, истакна дека Отворен Балкан е важен чекор кон унапредување на соработката меѓу државите, носи нови можности за економски раст и развој. Сепак, Ковачевски смета дека тоа не е алтернатива за членството во ЕУ, но може да биде од сериозна помош при пристапувањето во Унијата.

Ковачевски најави и интензивирање на инфраструктурите проекти на Коридорот 8 што ќе обезбеди, како што рече, подобро поврзување на Северна Македонија и Албанија.

На средбата Ковачевски – Мета присуствуваше и секретарот за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата