Ковачевски – Мекарти: Северна Македонија треба да продолжи да се движи напред

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Пол Мекарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На состанокот е разговарано за актуелни прашања од значење за нашата држава и за регионот и Европа.

Во таа насока е оценето дека е од суштинско значење Северна Македонија да продолжи да се движи напред, по членството во НАТО и кон полноправно членство во Европската Унија.

Ова, како што е констатирано, ќе го осигура квалитетот на живот на граѓаните во земјава, во насока на унапредување на животниот стандард, квалитетот на услугите, владеењето на правото, што се клучни граѓански интереси.

На состанокот е изразено очекување дека демократски определените политички субјекти, во следните неколку месеци ќе се вклучат активно во одлуките што ќе ги осигурат европските перспективи на граѓаните и Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за долгогодишната принципиелна и конструктивна соработка со Меѓународниот републикански институт (ИРИ), којашто води кон унапредување на демократските процеси во државата.

„Владата и јас како премиер сме активно посветени кон перспективите. Државата денес е рамноправна членка на НАТО. Отворивме преговори со ЕУ, заштитувајќи го македонскиот јазик и идентитет. Ги решававме актуелните предизвици од ситуацијата во Украина, преку цврстото партнерство со САД и европските пријатели. И тоа што е потребно е разум од сите политички субјекти, дека шансата да направиме нов чекор напред е сега“, рече премиерот Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он