Ковачевски: Маврово и Ростуше е сплотено во поддршката за Медат Куртовски

Од:

Со посета на манастирот св. Јован Бигорски, каде претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски се сретна со епископот Партениј, започна агендата на претседателот во општина Маврово и Ростуше.

Ковачевски истакна дека граѓаните на Маврово и Ростуше се сплотени во поддршката за кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски и СДСМ затоа што знаат дека токму тие се гарант дека развојот на општината ќе продолжи со несмален интензитет.

„Кандидатот на СДСМ, Куртовски во својата досегашна работа се истакна со реализација на над 60 проекти за што се инвестирани блиску 32 милиони евра. Со Куртовски, Маврово и Ростuше добива нов лик, и токму затоа граѓаните се обединети, со силна поддршка за СДСМ и кандидатот за градоначалник Куртовски.“ порача Ковачевски.

При денешната посета, претседателот Ковачевски ќе се сретне и со жителите на Требиште, Велебрдо, Ростуше и Јанче.

Би можело да ве интересира

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец e во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја

Горан Наумовски

Утрово најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново повика „Македонија пат“

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36