Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината

Од:

„Ако претходно главна дилема на граѓаните беше дали ќе нè биде или не, денес разговараме за тоа колку брзо ќе станеме членка на Европската Унија. Тоа е вистински прогрес, тоа е вистинска работа! Да успееш за подобар живот на граѓаните, и тоа што е можно побрзо, бидејќи ниту граѓаните, ниту Македонија, немаат повеќе време за чекање“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот централен митинг во Скопје на Коалицијата за европска иднина.

Говорејќи за изминатите седум години, во кои владите предводени од СДСМ се соочија со многу предизвици и кризни состојби, Ковачевски потенцираше дека имало и подеми и падови, но она што е најважно е дека во ниту еден момент немало откажување, предавање или барање оправдувања.

„Како што доликува на одговорна, посветена и подготвена партија, целосно влеговме во борбата за достоинствен живот на граѓаните, во решавањето на големите проблеми. Постојано, енергично и со целиот државен капацитет, знаење и разум бевме рамо до рамо, со граѓаните и за граѓаните. Затоа мора да се бориме, да продолжиме да ја менуваме Македонија, како европска држава“, рече Ковачевски.

Тој потенцираше дека дека Владата на СДСМ и во време на КОВИД пандемија и енергетска и економска криза успеа да ја намали невработеноста, да го зголеми животниот стандард и да осигура стабилност и безбедност за граѓаните.

„За тоа говорат резултатите. Ја зголемивме минималната плата за 120%, просечната за 80%, а пензиите пораснаа за 55%. Над 100 милиони евра дадовме за поддршка и развој на домашните компании, а со 2,6 милијарди евра антикризни мерки ги поддржавме граѓаните и стопанството и ја спасивме земјата од колапс. Во тешки услови, обезбедивме и два и пол пати повисоки странски директни инвестиции на годишно ниво, и ја започнавме енергетска трансформација на земјата“, истакна Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ