Ковачевски ќе ја поништи набавката на скапите порцелански чинии ако не е во обем на очекувања на Владата

Од:

Мандатарот Димитар Ковачевски откако го предаде составот за нова влада во Собранието најави дека кога ќе стапи на функцијата претседател на Владата ќе ја провери набавката на актуелната Влада вредна 37.000 евра за купување бела техника, скапи порцелански чинии, чаши и прибор за потребите на државните институции. Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека е можно да ја поништи набавката.

„Јас немам детали за таа набавка бидејќи се уште не сум на позиција во Владата која што може да има увид во таков тип на јавни набавки. Откако ќе станам дел од Владата, односно претседател на Владата, ќе се информирам за таа набавка која беше предмет на интерес на јавноста. Доколку јавната набавка е во обем и во постапка која не е соодветна на очекувањата на Владата, јас таа набавка ќе ја поништам“, најави мандатарот Ковачевски.

За опрема, ситен инвентар и прибор за угостителство во кои спаѓаат плинска скара, фрижидери, пегла, правосмукалка, порцелански чинии со златна линија, виљушки, лажици и кристални чаши Службата за општи и заеднички работи пред Нова година склучи договор со компаниите „Дидакс“, „Д Л Конкорд“ и „Еурефи инженеринг“. Според договорот, дел од чиниите кои ги набавува, Владата ќе ги плати по околу 5.000 денари за една, а бара 30 такви.

Ваквата набавка Службата за општи и заеднички работи на Владата ја оправда со објаснување дека е за потребите на сите државни институции. Од таму сметат дека со оглед на високата фреквенција на странски делегации во земјава поцелисходно и порационално е да се набават 30 парчиња прибор за јадење за високи странски делегации за услугата да се пружи во објектите на СОЗР отколку за секоја делегација да се плаќаат високи сметки во ресторани.

Би можело да ве интересира

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ