Ковачевски: Ќе анализираме како ќе се регулира користењето на социјалните мрежи во училиштата

Од:

Училиште од Пехчево не дозволува телефони за време на настава. Ова како пракса совршено функционира со години, но се популаризираше деновиве, кога јавноста се разбранува со бројни закани на социјалните мрежи од страна на ученици, по трагедијата која се случи во Србија. Прашањето дали носењето телефони ќе се регулира и во останатите училишта на територија на државата денеска беше упатено од новинарите до премиерот Димитар Ковачевски, кој присуствуваше на стартот на новата инвестиција во ТИР зоната. Ковачевски посочи дека наставниот процес го организира Министерството за образование и наука, но пред сите е период на бројни анализи за мерки кои евентуално би се презеле.

Посочи дека пред 12 години во САД, како дел од комуникациската индустрија, бил вклучен во дискусијата дека иако социјалните мрежи се добар ресурс за промоција, сепак се користат за објавување содржини кои некогаш и не соодвестуваат на моралните и етичките стандарди кои сакаме да ги имаме во општеството. Токму затоа, вели тој, дошол денот кога тешко ќе се врши контрола врз социјалните мрежи.

-Пред 12 години, на еден разговор со врвни академици и практичари, кога сите беа среќни и задоволни што постојат социјални мрежи на коишто ќе може да се промовираат ставови, уште тогаш почнаа да се појавуваат коментари дека ќе дојде ден, а, еве, денот е дојден, кога ваков тип мрежи тешко ќе бидат контролирани од соодветните органи, додава Ковачевски.

Сепак, начинот на регулирање на користењето социјални мрежи дополнително ќе се увидува и утврдува, како предизвик кој стои пред сите земји од регионов, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он