На изборите на 8 мај пред граѓаните се два концепти. Изборот е поголеми плати, пензии, инвестиции и повеќе пари за граѓаните со СДСМ и европскиот фронт. Или помали плати, работници како евтина работна сила и фрлање пари за споменици, жални врби и криминални проекти со ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ во центарот на Скопје.
-Изборот е извесна европска иднина со СДСМ и европскиот фронт, безбедност, стабилност, слобода и демократија. Или изолација, уназадување, враќање назад во црното минато со загрозена слобода на говор и задушена демократија со ДПМНЕ. Убедени сме дека граѓаните ќе ја донесат вистината одлука за нивниот животен стандард и за иднината на државата. На 8-ми мај ќе победи СДСМ и проевропската коалиција, рече Ковачевски.
СДСМ има подобар резултат од ДПМНЕ на секое поле, пред се во економијата, платите, пензиите, инвестициите, потенцираше Ковачевски.
-Просечната плата во време на ДПМНЕ изнесуваше 360 евра. Просечна плата денеска, во време на СДСМ изнесува 630 евра. Дури за 270 евра повеќе. Нашето изборно ветување од 500 евра до 2024 година го надминавме и сега е веќе 630 евра просечната плата. И платите ќе продолжат да растат со СДСМ. Минимална плата во време на ДПМНЕ изнесуваше 8.000 денари. Денеска, во време на СДСМ минималната плата изнесува 20.175 денари. СДСМ ја зголеми минималната плата за 120%. Тоа е суштинска разлика. ДПМНЕ беше посветена на споменици и жални врби овде во центарот на Скопје, а СДСМ на животниот стандард на граѓаните, на поголеми плати за работниците и за граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Во ДПМНЕ гледаме дека нема никаква промена. Мицкоски повторно говори за хорор, за влечење за коси. Едно исто, тоа е истата партија од минатото којашто не се померени ниту милиметар, додаде тој.
-Нема програма, нема политичка понуда, нема идеа, став, не знаат за што се залагаат, само се нешто против. Две години ДПМНЕ активно блокираа Собрание, мерки за помош на граѓаните додека нашите пратеници правеа се да го олеснат животниот стандард на народот. Дури и изборот на своите министри во техничката влада го блокираа. Ги гледаме нивните градоначалници, за 2 години ниту еден проект не реализираа. Гледаме каков хаос се случува во Скопје. Не само што нема капитални проекти, не само што нема развој, автобуси нема, градски превоз нема. Тоа што се случува во Скопје е потсетник што се случува кога ДПМНЕ ќе добиеле власт. Затоа сум убеден во одлуката на граѓаните рече вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.