Ковачевски: Имаме јасна цел, ЕУ до 2030 година

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата која ја предводи тој имала цел да ја внесе Македонија во ЕУ до 2030 година, а за него целта не била невозможна.

– Јас и Владата имаме јасна цел, во ЕУ до 2030 година. Многумина велат дека тоа е многу амбициозна цел, но јас ќе речам дека не е невозможна. На граѓаните им е важно да има квалитетни места, спроведување на законите, ефикасна администрација, европски плати и европско образование. Квалитетен живот, сигурност и стабилност, тоа не е претерано. Затоа е потребно да се забрза трансформацијата на општеството при преговорите со ЕУ, рече Ковачевски.

Текот на скрининг процесот се одвива со предвидено темпо и оваа динамика мора да се задржи во текот на преговорите, порача тој.

– Јас сум свесен и за одговорностите и предизвиците, но некои одлуки треба да ги донесеме поради сите граѓани на Северна Македонија. Вие пратениците мора да покажете единство поради нашите граѓани.Процесот е сложен и бара силна волја, не поради ЕУ туку поради нашите граѓани. Имаме силна поддршка од државите членки. Имаме пријатели и сојузници во ЕУ и сега се е во наши раце, додаде премиерот.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски